Погодете како се пломбирале заби во леденото доба

Доколку имате страв од одење на забар, бидете среќни што не живеете во леденото доба. Во Италија се пронајдени пар предни заби стари 13 000 години кои содржат досега најрана позната употреба на пломби направени од битумен (смола добиена од распаѓањето на животински или растителни остатоци).

Секој од забите имал голема дупка која се протегала до комората на пулпата длабоко во забот. Стефано Бенаци, археолог од Универзитетот во Болоња, и неговиот тим, користеле разни микроскопски техники за подобро да погледнат внатре во дупките и откриле серија малечки хоризонтални траги на ѕидовите од забот што сугерира на тоа дека шуплините биле издупчени од надвор и зголемени, најверојатно со малечки алатки од камен.

Внатре тие пронашле траги од битумен со растителни и обични влакна во него, за што Бенаци смета дека е доказ за постоење на преисториски пломби. Иако намената на билките и влакната е непозната, се претпоставува дека тие биле додадени во шуплината за време на дупчењето и дека не се остатоци од храна изедена подоцна.

Палеолитскиот „забар“ кој ја извршила оваа процедура, тоа го направил за да со битуменот го спречи навлегувањето на храната во комората на пулпата – исто каква што е намената на пломбите во модерната стоматологија.

Клаудио Туниз, археолог од Универзитетот Волонгонг во Австралија, вели дека битуменот заедно со некои медицински билки најверојатно бил користен како антисептик.

За време на младиот (горен) палеолит, кога сопственикот на забиве бил жив, Европа била подложена на големи културни промени – нови луѓе доаѓале на континентот од исток и со себе најверојатно носеле нови видови на храна кои предизвикувале сè повеќе шуплини во забите. Оваа промена на исхраната и нејзините последици врз забите најверојатно довеле до зачетоците на стоматологијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...