Река во Канада исчезнала за 4 дена

За прв пат во модерната историја, научниците набљудувале како цела река исчезнала за 4 дена.

Феноменот е наречен „речно пиратство“ и во тој случај текот да една река е „заробен“ од друга. Историски докази сугерираат дека овој процес обично трае стотици години, но во овој случај реката Слимс која се напојува од канадскиот Каскавулш глечер исчезнувањето го завршила за само неколку дена.

Геонаучникот Ден Шугар од Вашингтонскиот универзитет Такома заедно со неговиот тим истражувачи отпатувале на експедиција на оваа река минатиот август, и кога пристигнале откриле дека таа е скоро исчезната – иако претходно била широка скоро 480 метри. Таа немала скоро никаков проток, и личела на долго, плитко езеро.

За да истражат каде отишла водата, тимот ја испитувал околината со хеликоптер и дронови, со чија помош била пронајдена причината.

Последните 300-350 години, реката Слимс се напојувала од истопената вода од Каскавулш глечерот, кој е еден од најголемите канадски глечери.

Но, со неговото повлекување изминатите години поради се потоплата клима на Земјата, неговото интензивно топење пробило нов канал во мразот, кој ја пренасочил истопената вода, која веќе не пристигала во реката.

Иако околината околу оваа река не е премногу населена, истражувачите велат дека ефектите од пренасочувањето ќе имаат огромни последици на природниот екосистем, и би можеле да влијаат на иднината на снабдувањето со вода во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...