Антички симболи потврдуваат удар на комета пред леденото доба

Истражувачи превеле познати антички симболи во храм во Турција, кои ја раскажуваат приказната за уништувачки удар на комета пред повеќе од 13 000 години.

Паралелно проверувајќи го настанот со компјутерски симулации на Сончевиот Систем во тој период, истражувачите сугерираат дека резбите може да опишуваат удар на комета кој се случил околу 19 950 п.н.е , во времето кога мини леденото доба почнало засекогаш да ја менува цивилизацијата.

Ова ледено доба траело околу 1000 години и се смета дека е клучен период за човештвото бидејќи тогаш напредувале агрикултурата и првите неолитски цивилизации, како потенцијален одговор на новата постудена клима. Овој период исто така се поврзува и со изумирањето на влакнестиот мамут.

Иако овој период темелно е проучен, сè уште не е јасно што точно било причина за него. Удар на комета е една од водечките хипотези, но научниците немаат пронајдено физички доказ за комети од тоа време.

Тимот од Универзитетот во Единбург вели дека овие резби пронајдени во Гобекли Тепе во Турција, за кој се верува дека е најстар храм во светот, прикажуваат доказ дека токму комета е причината за мини леденото доба.

Преводот на симболите исто така сугерира дека Гобекли Тепе не бил само храм, туку и античка опсерваторија.

Се смета дека тој бил изграден околу 9000 п.н.е , скоро 6000 години пред Стоунхенџ, но дека симболите на столбот го датираат настанот на околу 2000 години пред тоа.

Резбите биле пронајдени на столб познат како „мршојадниот камен“, на кој се прикажани разни животни во специфични положби. Симболот долго време ги збунувал научниците, но тимот инженери откриле дека животните всушност симболизирале астрономски соѕвездија, и покажувале јато од фрагменти од комета како удираат во Земјата. Цртежот на човек без глава, пак, се смета дека ја симболизира човечката катастрофа и губитокот на живот кој следел по настанот.

За да проверат дали овој удар од комета се случил или не, истражувачите користеле компјутерски модели кои ги совпаднале со положбата на соѕвездијата прикажани на столбот, и откриле дека според нивната положба на одреден датум, настанот е можно да се случил околу 10 950 п.н.е, плус минус 250 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...