Трансплантирана глава на глушец

Трансплантирањето на глави т.е експериментирањето со таа процедура врз животни датира уште од 1900тите и 1950тите, а сега научници од Кина направиле значителен пробив во овој хируршки сегмент со тоа што трансплантирале глава од еден организам врз друг.

Тие ја одвоиле главата на помалечок глушец и ја споиле со телото на поголем, ефективно креирајќи двоглав глушец. Важно е да се наспомене дека глушецот не преживеал долго, но тоа не било ни целта на експериментот.

Сепак, ова е голем чекор напред во изведување на трансплантации на глави, бидејќи докторите успеале да избегнат било каков губиток на крв кој би го оштетил мозокот додека главата на донорот (помалиот глушец) била прицврстувана, што и било целта на овој специфичен експеримент.

За да тоа им успее, тие за време на трансплантирањето ја одржувале циркулацијата на крв така што крвните садови на глушецот-донор биле прицврстени за другиот глушец.

Разбирливо, постојат голем број на проблеми кои треба да се решат пред да биде возможно да се трансплантира човечка глава. Покрај тоа што мора да се внимава мозокот да не се оштети поради губитокот на крв, постои шанса тој да биде одбиен од имунолошкиот систем на примателот.

Некои научници, пак, велат дека проблемот поврзан со трансплантирање на човечки глави ги надминува научните и технички проблеми и навлегува во фундаменталната природа на човечката психологија – по една таква процедура, личноста би можела да пати од невидени нивоа на лудило, резултат на хемиските процеси кои ќе го поплават мозокот кој ќе добива непознати информации од нервниот систем на новото тело и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...