Нов материјал кој имитира фотосинтеза

Научниците создале вештачка форма на фотосинтеза која може да го редуцира нивото на јаглероден диоксид во воздухот и истовремено да обезбедува соларно напојување – двете потенцијални бенефиции за да се помогне во стабилизирањето на промената на климата.

Хемиската реакција е предизвикана од сина светлина која ја имитира сината бранова должина на сончевата светлина, и го конвертира јаглеродниот диоксид (CO2) во две редуцирани форми – формати и формамиди – кои можат да се користат како извор на енергија.

Откога реакцијата завршува, она што останува е чист воздух и вишок енергија, исто како и кај процесот на фотосинтеза кај билките кои ја конвертираат светлосната енергија во хемиска. Тимот од Универзитетот во централна Флорида има големи надежи во својата синтетичка верзија на тоа.

Научниците и претходно се обиделе да создадат нешто слично, но било тешко да се направи светлината од видливот спектар да ја предизвика вистинската хемиска реакција. Материјалите кој можат оваа светлина да ја апсорбираат, како платината, рениумот и иридиумот, се многу ретки и скапи за да бидат од било каква практична употреба за создавање на машини за вештачка фотосинтеза.

Затоа, истражувачите од Флорида го искористиле металот титаниум со органски молекули наречени Н-акил-2-аминотерефалати кои служеле како антени кои ја апсорбирале сината светлина.

Она што било од најголемо влијание за успех на студијата била метално-органската рамка (MOF), која функционира така што во своите пори го впива CO2, додека „антените“ ја заробуваат светлината и произведуваат електрони, кои титаниум оксидот ги користи да го конвертира CO2 во соларно гориво.

MOF материјалот би можел да се користи во разни централи за значително да ја намали количината на CO2 која се испушта во атмосферата, а од него би можеле да се изработуваат и кровни плочки кои би се поставувале на домовите и кои би го прочистувале воздухот и создавале енергија истовремено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...