„Хакирање“ на мозокот за подобрување на неговите способности

Не е лесно да си војник или шпион: потребно е вклучување во ризични ситуации, пристапување до информациите на терен, зборување на странски јазици, и користење на различен вид техничка опрема и оружје.

Учењето како сето ова да се постигне побарува многу тренинг, што е причината што истражувачкото крило на министерството за одбрана на САД сака да изнајде начин тоа да го олесни на нивните вработени.

За оваа цел, DARPA (агенцијата за напредни истражувања и одбранбени проекти) добила фондови од околу 50 милиони долари за да им овозможи на 8 тима да проценат како електричната стимулација на нервниот систем може да го подобри учењето.

4-годишната програма наречена TNT (насочена обука за невропластичност) планира да идентификува безбедни и оптимални методи за невростимулација кои ја активираат т.н синаптичка пластичност - способноста на синапсите да зајакнат или ослабат, и преку тоа да се учат нови нешта и создаваат сеќавања.

Целта на DARPA со ТNT е да ги подобри најефективните постоечки методи за тренирање за да мажите и жените од вооружените сили функционираат со нивниот потполен потенцијал – тие сакаат да видат 30% подобрување во стапката на учење во споредба со сегашната, по завршувањето на четиригодишната програма.

Дали тоа ќе се постигне останува да видиме, но надежта е дека со испорачување на електрични пулсеви во нервниот систем, истражувачите ќе дознаат како да испуштат одредени клучни неврохемикалии за да ги модулираат нервните конекции во мозокот кој можат да имаат влијание врз синаптичката пластичност.

Таквото „хакирање“ на мозокот може да влијае на тоа колку човекот е буден, или колку внимание посветува на нешто што го гледа или изведува.

8-те тимови вклучени во програмата ќе изедуваат разни експерименти врз животни и човечки доброволци, истражувајќи како различни нерви влијаат на одредени процеси на учење.

Тимот од државниот универзитет во Аризона ќе истражува како невростимулацијата влијае на вештините за надзор, извидување и прецизно пукање, додека истражувачите од универзитетот Џон Хопкинс ќе ги истражуваат ефектите врз учењето на јазикот.

На универзитетот во Флорида, научниците ќе студираат како стимулацијата на вагусниот нерв – кој ги поврзува мозокот и стомакот – влијае на перцепцијата, донесувањето на одлуки и навигацијата во просторот.

Доколку сето ова успее, војниците нема да бидат единствените кои ќе имаат корист. Со неинвазивен начин за контролирање на хемијата на мозокот со голема прецизност, ќе можеме полесно да се справиме со, на пример, потешкотиите со учењето кај децата, или нарушувањето на меморијата кај возрасните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...