Математички е возможно патување низ времето?

Уште пред Ајнштајн да тероризира дека времето е релативно и флексибилно, човештвото ја замислувало можноста за патување низ времето, во главном преку некаков вид на временска машина. Сега, двајца физичари сметаат дека е време ваквата машина на некој начин да се реализира во реалниот свет.

Бен Типет, теоретски физичар и математичар од Универзитетот на Британска Колумбија, тврди дека и покрај тоа што патувањето низ времето се смета за невозможно и научна фантастика, тоа е математички возможно.

Тој, заедно со астрофизичарот Дејвид Тсанг од Универзитетот во Мериленд развиле математичка формула која ја користи теоријата на релативност на Ајнштајн за да докаже дека теоретски, патувањето низ времето е возможно. Под тоа се подразбира концептот на движење „напред и назад низ времето и просторот, интерпретирано од екстерен набљудувач“.

Формулата ја нарекле TARDIS (според полициската кабина од телевизиската серија Dr.Who), што е акроним од Traversable Acausal Retrograde Domain in Space-Time (траверсабилен акаузален ретрограден домен во време-просторот).

Типет објаснил дека неговиот модел на временска машина го користи закривениот простор-време за да го превитка времето во круг за патниците, наместо тоа да се движи по права линија. Тој круг всушност не носи назад во времето, бидејќи моделот претпоставува дека времето може за да се закривува околу објекти со голема маса на ист начин како што физичкиот простор тоа го прави во универзумот.

За Типет и Тсанг, TARDIS е просторно-временски геометриски „меур“ кој патува побрзо од брзината на светлината, напред и назад во времето во кружен тек низ време-просторот.

Иако математички е возможно, за жал, сè уште е невозможно да се конструира таква временска машина бидејќи се потребни материјали – кои се нарекуваат егзотични материи – за да го превиткаат време-просторот на опишаниот начин и кои сè уште не се откриени.

Многумина научници сметаат дека било каква временска машина не би била возможна бидејќи самото патување не е возможно. Некои велат дека причина за тоа е поврзаноста помеѓу времето и енергијата, а некои дека тоа е невозможно бидејќи иднината во која би се патувало сè уште не е создадена.

Без разлика на сè, сите научници се сложуваат дека студирањето на време-просторот е истовремено фасцинантно, но и проблематично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...