Откриен механизмот зад ќелавоста и белите влакна

Како што старееме, се соочуваме со реалноста дека косата ни опаѓа и избелува. Но и покрај тоа што овие проблеми се вообичаени за скоро сите, научниците ја немаа до крај идентификувано основната биолошка причина за тоа.

Сега, научници конечно идентификувале специфични клетки кои предизвикуваат раст и развивање пигмент на влакната на глувците – што е голем чекор во развивањето на третмани за обелена коса и ќелавост.

Тие всушност наишле на овие „прогениторни клетки од коса“ сосема случајно додека истражувале ретко генетско пореметување кое предизвикува раст на тумори на нервите, наречено Неврофиброматоза тип 1.

Истражувачите веќе знаеле дека матичните клетки од кожата кои се наоѓаат на дното на влакнените фоликули влијаат на растењето на влакната, меѓутоа не биле сигурни што ги терало овие кожни клетки да се претворат во влакнести и не можеле да изнајдат начин да ги таргетираат или да им го стимулираат растот.

Но, додека ја истражувале формацијата на тумори на нервните клетки, тие откриле протеин кој овие клетки ги раздвојува.


Наречен KROX20, протеинот е вообичаено поврзан со развојот на нервите, но во влакнестите фоликули кај глувците било откриено дека ги активира кожните клетки да се претворат во влакнести, кои предизвикуваат растење на косата т.е влакната.

Овој протеин потоа предизвикува производство на друг протеин во клетките, наречен SCF (stem cell factor), и кога молекулите од овие два вида протеин се наоѓаат во клетката, тие се поместуваат во влакното, имаат интеракција со меланоцитните клетки кои произведуваат пигмент и растат во здрави, темни влакна.

Но ако еден од нив недостасува, процесот не се врши како што треба. Кога тимот истражувачи го ги „избришале“ клетките кои произведуваат KROX20 , откриле дека кај глувците повеќе не растат влакната, и тие почнале да ќелават.

Кога бил избришан, пак, SCF генот од клетките, нивните влакна обелеле.

Тимот истражувачи веќе работат на проект кој ќе ги истражува овие два протеини кај луѓето со обелена и опадната коса, со цел да откријат дали истиот процес се одвива и кај луѓето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...