Откриени најразлични знаци за живот на копното

Научници пронашле докази за најраните знаци за живот на копното во 3.48 милијарди години стари депозити од извори на топла вода во Западна Австралија, кои би можеле да ни помогнат во решавањето на една од најважните дебати во еволутивната биологија - дали животот на Земјата започнал во мали, копнени бари или длабоко во океаните.

Овие фосилни остатоци се толку стари, што ги туркаат во заднина досегашните најрани докази за живот во извори на топла вода за некои 3 милијарди години.

Досегашните најрани докази за постоење на микробиолошки живот на копното биле стари 2.7 – 2.9 милијарди години и биле откриени во Јужна Африка.

Според последниве докази, може да се претпостави дека животот прво започнал на копното, а не во океаните како што се сметало досега.

Тие биле откриени во депозити од формацијата Дресер која се наоѓа во кратонот Пилбара во Западна Австралија, кои претходно биле идентификувани како остатоци од одамна изгубена морска средина. Според новата студија, формацијата Дресен содржи „потпис“ на копнено земјиште – минерал наречен гејзерит, кој се наоѓа исклучиво во опкружувањата на копнените извори на топла вода и гејзерите.

Тимот истражувачи во депозитите откриле и повеќе нови потенцијални „био-потписи“, вклучувајќи два различни вида на строматолити – слоеви од седимент создадени од водени бактериски колонии. Исто така биле пронајдени ознаки познати како микробиални палисадни текстури во карпите, како и траги од меурчиња кои најверојатно биле заробени во леплива супстанца создадена од микроскопски организми, со чија помош ја задржале деликатната форма неколку милијарди години.

Депозитите од Пилбара се со иста старост како поголемиот дел од кората на Марс, што ги прави депозитите од изворите на топла вода на црвената планета возбудлива цел во потрагата по тамошен фосилизиран живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...