Супер вулкан поблиску до ерупција од што се сметало

Супер вулканот во Италија познат како Кампи Флегреи е потенцијално на работ на ерупција, а со нова студија е заклучено дека тој е поблиску до неа отколку што се сметало според претходните истражувања.

Како што тимовите од UCL (Универзитетскиот колеџ во Лондон) и Опсерваторијата Везув објаснуваат, 13 километри широкиот кратер предизвикува татнежи скоро 70 години, а се чини дека поминува низ периоди на инфлација и дефлација, што претставува огромен стрес за кората која ја држи заробена подземната магма.

Претходно се сметало дека енергијата која се користи за растегнување на кората била изгубена во периодот на дефлација, но според најновите компјутерски модели, тоа не е точно – таа само се акумулирала со тек на време, без да се дисперзира.

Со студирање на распукувањето на земјата околу Ками Флегреи, истражувачите сметаат дека тој се доближува до критична фаза каде некоја идна активност значително ќе ја зголеми можноста за ерупција, и дека е императив властите да бидат спремни на ова.

Претходната негова голема ерупција во 1538-ма год. била минорна во споредба со онаа со која што тој се формирал пред 40 000 години, која била една од најмоќните ерупции во последните неколку милиони години. Таа произвела помеѓу 100 и 500 кубни километри вулкански отпад, од кој дел завршил на Гренланд.

Околу кратерот живеат скоро 1 милион луѓе, а во опасната зона се 6 милиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...