Неплодни глувци родиле со 3D принтани јајници

На неплодни глувци им била вратена способноста да раѓаат здрави поколенија благодарејќи на новите 3D принтани јајници кои со крвотокот на животното се поврзале за само една недела и почнале да ослободуваат јајце клетки.

Научникот за репродукција Тереза Вудруф од Нортвестерн Универзитетот во САД со нејзиниот тим ги создале овие вештачки јајници користејќи желатинско „мастило“ за 3D принтање – еден вид на биолошки хидрогел за кој има мали шанси телото да го отфрли, кој истовремено е и порозен,што помага во неговата интеракција со ткивото и крвотокот на домаќинот.

Хидрогеловите се мешавина од 99% вода и малку полимер, што значи дека се исклучително меки. Меѓутоа, тимот од Нортвестерн успеал да го изманипулира нивното желатинско мастило за да е флексибилно но цврсто, а тоа било направено така што била откриена температурата на која објектите направени од него не пропаѓале туку се самоодржувале. Потоа, вештачките јајници биле создадени од неколку слоеви од овој материјал.

Преживувањето на органите зависело целосно од специфичните модели на пори во 3D принтаниот „скелет“. Секоја дупка морало да биде стратешки поставена за да во неа успешно се сместат фоликулите кои ги содржат несозреаните јајце клетки, кои во нив треба да растат.

Ваквите органи биле трансплантирани во женски глувци чии јајници биле хируршки отстранети, и од 7 кои се пареле по вметнувањето на инплантот, 3 се породиле со најмалку 2 принови кои биле сосема здрави и стабилни.

Истражувачите сега планираат да ги тестираат овие вештачки јајници кај свињите, и доколку сè оди според планираното, ќе следат клинички тестови врз луѓе - стартувајќи од структури кои само би го замениле производството на хормони, а потоа и целосно функционални вештачки органи.

Целта е еден ден овие лабораториски јајници да бидат понудени како опција на жените чии репродуктивни системи се оштетени од третмани за канцер, особено за младите пациентки кои сè уште немаат поминато низ пубертетот и потребни им се јајници кои ќе растат заедно со нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...