Креирана најсилна органска киселина досега

Истражувачи креирале најсилна органска киселина во светот, која би можела да го револуционизира начинот на кој што анализираме протеини.

Досега, најсилна киселина е флуороантимоничната, позната како супер киселина, со киселост поголема од 100% чистата сулфурна киселина. Колку за споредба, Хаметовата функција на киселост на сулфурната киселина е -12, на флуороантимоничната е -31.3, а најновата ги надминува и двете.

Истражувачите од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија за да ја создадат користеле високо наелектризирани протеински јони за да додадат протони на елементите и молекулите кои не можат да формираат меѓусебни врски (како благородните т.е инертни гасови како хелиумот, аргонот, радонот и др.)

Тие ги зеле протеинските јони и ги изложиле на јонски извор со низок притисок, креирајќи такви јони способни да додаваат протони дури и на најсилните молекули, притоа креирајќи екстремно потентна киселина.

Какво влијание ќе има ова откритие во полето на хемијата?

Моментално, за анализирање на протеини, научниците користат техника наречена масовна спектрометрија – каде што атомите или молекулите се јонизираат и делат со помош на магнетно поле, во зависност од нивната маса и позитивна наелектризираност. Ова овозможува откривање на составот на разни комплексни примероци, како и истражување на масата на поедноставните примероци.

Меѓутоа, протеинските примероци кои се користат во масовната спектрометрија мора да бидат со тежина под 10 килодалтони, што е фрустрирачки во ситуациите кога треба да се мерат поголеми протеини.

Бидејќи новите протеински јони се толку успешни во додавање протони, истражувачите сметаат дека секвенците од поголемите протеини би можеле рапидно и комплетно да бидат карактеризирани користејќи ја новата киселина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...