Дали човечкиот ум е врзан за физичкиот свет?

Еден од најинтригантните и најинтересни феномени во квантната физика е она кое што Ајнштајн го нарекувал „застрашувачка акција на дистанца“, познато и како квантен заплет. Благодарејќи на овој квантен ефект функционираат квантните компјутери, бидејќи квантните битови (qubits) се зависни од заплеткувањето за да ги процесираат податоците и информациите. Ефектот е исто така дел и од теоријата која ја објаснува можноста за квантна телепортација.

Накратко, заплетканите честички влијаат една на друга без разлика од дистанцата, каде што состојбата на едната инстантно влијае на состојбата на другата. Меѓутоа, оваа акција делува „застрашувачко“ бидејќи и покрај тоа што ги следи законите на квантната физика, истовремено открива подлабоки теории кои допрва треба да бидат откриени.

За да се одреди дали честичките навистина влијаат вака една врз друга, во 1964 од физичарот Џон Бел бил развиен тест кој вклучувал пар заплеткани честички: едната била испратена кон локација А, а другата кон локација Б. Кај секоја од овие точки, уредот ја мерел состојбата на честичките. Поставките во мерните уреди биле поставени по случаен избор, така што локацијата А не е возможно да ги знае поставките на локацијата Б, и обратно. Овој процес бил наречен „Белов тест“

Сега, Луциен Харди, теоретски физичар од Периметар Институтот во Канада, сугерира дека мерењата помеѓу А и Б можат да бидат контролирани од нешто што потенцијално не би припаѓало на материјалниот свет: човечкиот ум. Неговата идеја е произлезена од она што францускиот филозоф и математичар Рене Декарт го нарекол двојност помеѓу умот и материјата, каде што умот е над границите на физиката и интервенира на физичкиот свет.

За да ова се провери, Харди предложил верзија на Беловиот тест која би вклучувала 100 луѓе, секој од нив приклучен на EEG уреди за на глава кои ќе ја читаат активноста на нивните мозоци. Овие уреди би се користеле да се менуваат поставките на мерните уреди за А и Б, кои би биле поставени на 100км далечина. Радикалната можност која научниците посакуваат да ја истражат е дека кога луѓето ќе бидат оние кои одлучуваат за поставките на уредите (намести генератори на случајни бројки), би можело да се случи „кршење„ на квантната теорија во согласност со релевантната нееднаквост на Бел.

Доколку корелацијата помеѓу мерењата не се совпаѓа со претходните Белови тестови, тоа ќе значи дека А и Б се контролирани од фактори надвор од светот на стандардната физика.

Што би значело сè ова? Дека човечкиот ум, т.е свеста не е направена од материја која подлежи на физичките закони, што би сугерирало и дека умот е способен за надминување на овие закони по слободна волја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...