Креирани наночестички кои меѓусебно комуницираат

Исто како летечките автомобили и вештачката интелигенција, наноботите често пати ги среќаваме во научнофантастичните филмови. Иако се вложува голем напор во развивање на овој вид на технологија, истражувачите се соочени со тешкотиите поврзани со изработка на минијатурните електронски уреди, особено поради фактот што, на пример, намалување на компјутерско коло во делови со нано-големина сè уште не е возможно.

Сега, истражувачи од Complutense University of Madrid (UCM), Шпанија, пронашле начин да го решат проблемот на нанотехнологијата која што за да функционира е зависна од големи компоненти.

Клетките и бактериите комуницираат меѓусебно со хемиски сигнали, што се покажало ефикасно и кај наночестички кои биле направени да ја имаат истата таа карактеристика. Истражувањето вклучувало користење на две таканаречени Јанус честички – чија една страна била направена од порозна силика која содржела боја,а другата од злато – кои биле премачкани со реактивни хемикалии.

Комуникацискиот процес се одвивал низ хемиските трансформации кои се одвивале на површината на честичките кога имале интеракција едни со други, кулминирајќи со ослободување на бојата, што на научниците им докажало дека комуникацијата била успешна.

Иако сè уште треба да се тестираат внатре во човечкото тело, честичките изработени со овој метод покажуваат потенцијал во развивање на технологија со димензии на единечна клетка, која би ги откривала болестите и би служела за нивна превенција. На пример, страната со силика наместо боја би можела да носи лек кој би се испуштал како третман за канцер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...