Вселената ги мутира бактериите во „супер-бубачки“

Резултатите од една нова студија претставуваат лоши вести за идните патници во вселената – Мадан Тирумалаи од Универзитетот во Хјустон и од астробиолошкиот институт на NASA открил дека бактериите мутираат и се размножуваат во вселенски услови.

Како дел од досега најригорозната студија, тој го набљудувал напредокот на над 1000 генерации на бактеријата Е.coli во ротирачки контејнер дизајниран да ја симулира микрогравитацијата.

Тој открил дека бактеријата развила 16 мутации, кои кога биле поставени до нормални клетки од E.coli, се размножиле во 3 пати повеќе колонии отколку што е вообичаено, и одржале 72% адаптивни предности. Нивните адаптации преживеале дури и кога истражувачите пробале да ги избришат.

Некои од промените биле загрижувачки: мутациите влијаеле на гените поврзани со создавањето на биофилм, што ги прави клетките поцврсти и вирулентни – а колку вируленцијата е појака, толку побрзо ќе дојде до инфекција и инфективна болест.

За среќа, дури и мутираната бактеријата сè уште била подложна на дејството на антибиотиците.

Ова е загрижувачка вест за идните патници на вселенските патувања. E.coli е релативно бенигна бактерија, но други посериозни „бубачки“ и болести доколку мутираат на насилен начин и кои не би можеле да се третираат, би загрозиле цели мисии, и би причиниле не само големи финансиски штети, но би можеле да чинат и скапоцени животи.

Потенцијалните последици се уште повеќе загрижувачки кога ќе се земе в предвид студијата од 2013-та со која било откриено дека во вселената човечките имунолошки клетки не се повеќе способни да се справуваат со патогените – што значи дека астронаутите многу полесно можат да се разболат поради ослабениот имунолошки систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...