Кинески регион 7 дена функционирал со 100% обновлива енергија

Постои многу скептицизам околу тоа дали обновливата енергија може да произведе доволно енергија за сите наши идни енергетски потреби, па така една кинеска провинција направила тест за да покаже дека е возможно цел регион да функционира само со обновлива енергија.

7 последователни дена над 5 милиони жители од провинцијата Квингаи во северозападна Кина користеле исклучиво 100% обновлива енергија. Ова било дел од тестирања спроведени од државната мрежна корпорација на Кина, дизајнирана да демонстрира дека фосилните горива не се потребни за производство на идните енергетски потреби.

Помеѓу 17 и 23 јуни 2017, провинцијата ги генерирала сите енергетски потреби од чисти извори како што се соларната енергија, онаа од ветровите, и хидроенергијата (која придонела за 72.3% од произведениот електрицитет).

За време на таа недела потрошувачката изнесувала 1.1 билион киловат часови (kWh), за што инаку би биле потребни 535 000 тони јаглен.

Важно е да се наспомене дека овие бројки сè уште не се потврдени од независни извори, туку само од комисијата на државната корпорација.

Инаку, целосната енергетска мрежа на Квингаи има тотален инсталиран капацитет од 23.4 милиони kW, а 83.8% од тоа се добива од обновливите извори на енергија (соларна, ветер и хидро).

Според 5-годишниот план, провинцијата планира да го прошири капацитетот на енергијата добиена од ветер, како и соларната, до 35 милиони kW до 2020-та, делејќи 110 билиони кWh годишно од „чистиот“ електрицитет со централниот и источниот дел од Кина.

Но, преминот кон обновливите извори на енергија нема да се случува само во оваа провинција – според националната кинеска енергетска администрација, Кина планира да инвестира 366 билиони долари во технологии поврзани со овој вид на енергија до 2020-та, а овој чекор ќе креира 13 милиони нови работни места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...