Со помош на пчелите до подобри фотографии

Ново истражување за начинот на кој пчелите ги перципираат боите може да помогне во развивање на подобри дигитални камери чии слики ќе изгледаат поприродни отколку која било друга камера досега.

Истражувачите откриле дека пчелите користат два рецептори за бои во нивните очели (трите екстра очи на врвот на главата) со кои ја проценуваат бојата на амбиенталната светлина, во комбинација со двете „главни“ очи кои подиректно ги детектираат боите на цветовите.

Физиката сугерира дека очелите кои ја насетуваат бојата на светлината би му овозможиле на мозокот да не ја земе в предвид природно обоената осветленост која инаку би создала конфузна перцепција на боите – но за ова да е точно, информацијата од очелите би морала да биде интегрирана со боите кои ги гледаат „главните“ очи.

Во минатото се сметало дека пчелите користат некој вид на хроматска адаптација, како луѓето, за да прават корекции на постојаноста на боите – слично на прилагодувањето на балансот на белата боја на фотографиите, за да истите се коригираат за амбиенталното осветлување.

Oна што новото истражување го сугерира е дека пчелите прават нешто сосема различно: следејќи ја невралната активност која доаѓала од очелите, научниците откриле дека информациите од нив биле пренесувани до клучните области за процесирање на боите во мозокот на пчелите.

Досега улогата на очелите се сметала за мистериозна, а некои сметале дека им помагаат на пчелите да се постабилни во воздухот – сега се знае дека тие три очи ја мерат светлината која доаѓа од небото и се адаптираат за да правилно ги идентификуваат боите на цветовите.

Тимот истражувачи потоа поставил одредени математички принципи зад оваа мешавина од податоци од очелите и од „главните„ очи, кои евентуално би можеле да се искористат за истиот трик да се програмира во на пример, камера од смартфон.

Покрај давање многу пореалистичен изглед на фотографиите сликани при невообичаено осветлување, овој модел би можел да им помогне на роботите да се движат низ области со сончева светлина или во сенка, без да се збунат во што гледаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...