Решена мистеријата за суштеството кое го открил Дарвин

Чарлс Дарвин ги открил коските на животното Макраученија (Macrauchenia), кое било истребено при крајот на Леденото доба, додека копал во Патагонија во 1838-ма. Нему остатоците му личеле како да припаѓаат на преисториска лама, а подоцна биле анализирани од врвни научници во Велика Британија, кои пак не можеле прецизно да наведат на која група цицачи припаѓа.

Откривањето на повеќе фосили, уште повеќе ги збунило научниците. Пронаоѓањето на назален отвор сличен на муцката на тапирот предизвикало палеонтолозите да ја категоризираат Макраученијата во видот литоптерни животни, кои се појавиле по диносаурусите и преживеале до крајот на Плеистоценскиот период.

Сега, новата технологија им овозможила на тимот генетичари на чело со Мајк Вестбури да ја разјаснат оваа ситуација. Во минатото, обидите да се земе генетски материјал од коските на Макраученијата биле неуспешни, а нова техника сега овозможила на тимот да дојде до митохондриалниот геном кој е скоро целосно готов. Анализата на овие нови информации им овозможила на научниците точно да ја постават Макраученијата во поголемото фамилијарно дрво на суштествата кои постоеле на Земјата.

Митохондријалниот геном на било кое суштество го открива генетското наследство и ги прикажува браќата, сестрите и останатите роднини со заеднички женски предци. Ново секвенцираниот геном на Макраученијата покажал дека таа е дел од литоптерното семејство перисодактили, во која група спаѓаат коњите, носорозите и тапирите.

Вестбури и неговиот тим исто така пронашле дека двете најголеми гранки од фамилијарното дрво се раздвоиле пред 66 милиони години кога започнала ерата на цицачите. Макраученијата се едни од последните жители на оваа група која се појавила после исчезнувањето на диносаурусите, а оваа транзиција од ерата на диносауруси во ерата на цицачите е класична илустрација на начинот на кој едно катастрофално истребување значи и почеток на нова ера.

Решението на мистеријата врзана со Макраученијата после скоро 200 години е сведоштво на напредокот на технологијата, која им овозможува на научниците подобро да ја разберат историјата на нашата планета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...