Најопасниот T-Rex диносаурус не можел да трча

Иконските сцени од филмовите Jurassic Park во реалноста би биле значително побавни, според ново истражување кое сугерира дека T-Rex-ите не биле способни да трчаат.

Пресметувањето на најголемата брзина на овој најпознат вид диносауруси со декади е опсесија на палеонтолозите, а сега е откриено дека иако можел да чекори брзо, било какво посериозно забрзување би му ги скршило нозете.

Истражувањето е водено од научници од универзитетот во Манчестер, кои креирале детален компјутерски модел кој користел мултителесна системска динамика – која ги гледа поврзаните цврсти објекти за да ги анализира превиткувањата врз различни делови од скелетот.

Нивниот модел на T-Rex бил базиран на примерок откопан во 1987-ма наречен BHI 3033, а „поблиските“ го знаат како Стен :)

Компјутерска томографија направена врз разни фосили му овозможила на тимот научници да пресмета колкава сила можат да издржат коските пред да се оштетат, а тежината на компјутерскиот модел рз кои се вршеле испитувањата била поставена на 7200 килограми.

Брзини над 27.7 км/ч биле блиску до лимитот на коските на Стен, за кои било проценето дека можат да издржат принос на сила од околу 200 мегапаскали (29 000 psi).

За споредба, просечната брзина на пешачење на човекот е околу 4.8 км/ч, на џогирање 8-9км/ч, а Усаин Болт може да претрча 100м со брзина од околу 38км/ч.

Максималната брзина на движење на Стен би можела да се спореди со некој кој што трча за да фати автобус, што значи дека Т-Rex-от механички не бил способен да трча и брка џипови како што е често прикажано во филмовите, а уште помалку пак да се издигнува над земјата скокајќи од нога на нога.

Добро е да се знае дека доколку некогаш случките од Jurassic Park се остварат и некој создаде T-Rex диносаурус, доколку тој побегне од паркот ќе може да му побегнеме со најобично трчање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...