Нов вид на „сончева риба“ откриен по 130 години

За прв пат по 130 години, истражувачите откриле нов вид на „сончева риба“ која не била дел од таксономичните извештаи скоро 3 века.

Бизарниот нов вид е наречен „Hoodwinker” и бил пронајден во студените води на Нов Зеланд, јужниот дел на Чиле, Јужна Африка и југоисточниот брег на Австралија.

Сончевите риби изгледаат како мешавина од џиновска палачинка и куфер со крилја , и се најтешките коскести риби во светот – може да тежат до 2 тони и да се долги до 3 метри.

Овој вид на риби се неверојатно тешки за следење бидејќи живеат во тешко пристапните океански длабочини, а нивниот живот се состои од длабоко нуркање по медузи, и пливање кон површината за да се затоплат.

Последен пат ког истражувачите идентификувале нов вид на сончева риба било пред 130 години, а тоа била Mola ramsayi т.е Јужно-океанската врста.

Група јапонски истражувачи прво пронашле генетички докази за непознат вид на сончева риба во австралиските води пред 10 години, но бидејќи не знаеле како таа изгледа, не знаеле што точно да бараат – поради тоа, со години се чекало некоја од нив да заврши на плажите на Нов Зеланд или Австралија, при што биле разгледувани фотографии од сончеви риби на социјалните медиуми за да се забележи некоја со уникатни физички карактеристики, што на крај им успеало.

За разлика од другите две врсти, новооткриената имало мазно и потенко тело и немала испакната муцка.

По патувања илјадници километри, тимот со помош на риболовците, локалното население и музеите собрало 27 примероци од новиот вид на сончева риба, со големина од 50 сантиметри до скоро 2 и пол метри.

За да потврдат дека откриле сосема нов вид, тие ги анализирале старите текстови кои датирале дури од 16-тиот век и никаде не нашле вид со физички карактеристики како штотуку откриениот.

Нареден чекор на тимот истражувачи ќе биде да се дознае повеќе околу дистрибуцијата и навиките за исхрана на овој вид, со помош на сателитско тагирање.

И покрај големиот развој на технологијата и сите истражувања кои секојдневно се одвиваат низ светот, океаните и понатаму остануваат една од најголемите мистерии со сите суштества кои ги кријат во нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...