Храна создадена од електрицитет

Фински истражувачи користејќи систем напојуван од обновлива енергија креирале едноклеточен протеин кој има доволно хранливи материи за да се сервира како оброк.

Целиот процес побарува само електрицитет, вода, јаглерод диоксид и микроби. Синтетичката храна била креирана како дел од проектот „Храна од електрицитет“, кој е колаборација помеѓу LUT (технолошкиот универзитет од Лапенранта) и VTT центарот за технички истражувања во Финска.

По изложувањето на материјалите на електролиза во биореактор, процесот формира прашок кој се состои од повеќе од 50% протеин и 25% јаглехидрати, текстура која може да се измени со промена на микробите кои се користат во производството.

Следната фаза би било оптимизирање на системот бидејќи моментално на биореакторот со големина на шолја кафе му се потребни околу 2 недели да произведе еден грам од протеинот.

Според научниците вклучени во овој проект, се предвидува дека ќе помине околу една декада за поефикасен ваков систем да биде на располагање насекаде.

Потенцијалот на оваа технологија е огромен. Со нејзина помош би можело да се нахрани населението во области каде е невозможно земјоделско производство на храна, со едноставно транспортирање на биореакторите во, на пример, пустини и сл.

Машината функционира независно од факторите во животната средина, што значи дека може постојано да ги прехранува луѓето, бидејќи не побарува одредена локација со услови за земјоделство како што се правилна температура, влажност или одреден вид на почва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...