Што ќе случи со светот ако температурите се зголемат од 1 и 6 °C?

Покачувањето на температурите поради глобалното затоплување може да има страшни последици по нашата планета, во зависност од тоа за колку степени се работи. Еве неколку проекции и возможни сценарија доколку температурите се зголемат од 1 и 6 °C.

1) Зголемување на температурите за 1°C

  • Летата ќе станат по екстремни со интензивни топлотни бранови
  • Стотици илјади луѓе ќе се жртви на топлотни удари
  • Земјоделието ќе биде уништено поради уништување на шумите и земјоделските култури
  • Свежата вода ќе пресуши од третина од копнените површини во светот

Постојат нула шанси ова да се спречи или избегне.

2) Зголемување на температурите за 2°C

  • Ледот од половите ќе се истопи, ледот на Гренланд ќе го снема за 140 години
  • Нивото на океаните ќе нарасне, а Мајами, Менхетен, Централен Лондон и останатите крајбрежни локации ќе бидат под вода
  • Повеќе области како Бангкок, Бомбај и Шангај ќе бидат потопени, а половина од човештвото ќе мигрира на повисоки локации.
  • Залихите на вода ќе исчезнуваат, повеќе од една третина од живите суштества ќе бидат под опасност од изумирање.

Постојат 93% шанси ова да се избегне доколку емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина се редуцираат за 60% во наредната декада.

3) Зголемување на температурите за 3°C

  • Производството на храна ќе се намалува, милиони ќе се соочат со изгладнување
  • Солената вода ќе навлезе во реките, труејќи ја водата во почвата. Растенијата и почвата ќе пресуши.
  • Складираниот јаглерод во почвата од сувата и скапана вегетација ќе се испушта во атмосферата
  •  80% од арктичкиот лед ќе се истопи, нивото на океаните ќе се зголеми а топлата океанска вода ќе создава супер-урагани

Постојат многу слаби шанси ова да се спречи доколку покачувањето на температурите надмине 2 степени и започне циклусот на испуштање на јаглерод

4) Зголемување на температурите за 4°C

  • Забрзаното топење на ледот на половите ќе го зголеми нивото на океаните за 50 метри
  • Земјоделското производство во Кина ќе запре и 1.5 билион луѓе ќе се соочат со глад
  •  Летата ќе траат подолго, во градовите температурата постојано ќе се движи околу 45°C
  •  500 милијарди тони јаглерод ќе почне да се испушта од арктичкиот лед

Доколку покачувањето на температурите го надмине 3-тиот степен, нема да може да се спречат набројаните последици.

5) Зголемување на температурите за 5°C

  • Ледот ќе исчезне од двата пола, дождливите шуми ќе се претворат во пустини, океаните ќе навлезат длабоко во континентите
  • Температурите ќе ги достигнат нивоата од Еоценскиот период од пред 55 милиони години, кој бил предизвикан од заробениот метан испуштан преку вулканските ерупции
  • Борбата околу ресурсите ќе доведе до регионални војувања
  • Социјалниот и политички ред ќе исчезне бидејќи нема да постои ни економијата поради тоа што ќе нема што да се продава и што да се купува.

Доколку покачувањето на температурите го надмине 4-тиот степен и метанот почне да се испушта во атмосферата, нема да може да се спречат набројаните последици

6) Зголемување на температурите за 6°C

  • Крајот на Пермианскиот период од пред 251 милион години бил предизвикан поради покачување на температурите за 6 степени поради што изумрел 95% од живиот свет.
  •  Можност Земјата повторно да стане мртва карпа без живот на неа, која ќе плови низ вселената
  • Топлите води ќе го задушат секој вид на живот во нив
  •  Единствените преживеани форми на живот на копното ќе бидат габите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...