Антисоцијалните пчели имаат генетски сличности со аутистичните луѓе

И покрај тоа што се поделени со стотици милиони години еволуција, луѓето и пчелите покажуваат слично социјално однесување.

Ново истражување сега покажало дека антисоцијалните пчели делат сличен генетски профил со луѓето кои имаат нарушувања од аутистичниот спектар, и кои имаат потешкотии во социјални ситуации.

Во кошницата, не е невообичаено некои пчели да се поактивни од другите, бидејќи инсектите си превземаат различни улоги. Пчелите чувари, на пример, реагираат на „натрапниците“ кои се закануваат на ројот во кошницата, додека други пчели „комуницираат“ исклучиво со матицата. Истражувачите пронашле дека постојат индивидуални пчели во ројот кои или интензивно реагираат и на натрапниците и на матицата, или се комплетно индиферентни.

По направени експерименти со 246 групи пчели од 7 генетички различни колонии и нивно изложување на непознати пчели и матици, било откриено дека околу 14% од инсектите биле индиферентни и на двата вида пчели, и биле анализирани над 1000 гени кои биле различно регулирани кај социјалните и антисоцијалните пчели.

По споредување на експресијата на гените со оние познати дека се вмешани во нарушувањата од аутистичниот спектар, депресијата и шизофренијата, било откриено дека постои значајно поклопување во експресијата на гените во мозокот на антисоцијалните пчели и луѓето со аутизам.

Поради огромното време поминато во еволуција која ги дели пчелите и луѓето, резултатите укажуваат на молекуларна поддршка во социјалното однесување која можеби е споделена насекаде во животинското кралство и може да понуди индиции во врска со еволуцијата на секое живо битие.

Иако социјалноста на пчелите и луѓето се развила независно една од друга, резултатите од последните испитувања покажуваат на сличностите на генетските алатки кои влијаат на неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...