Oткриени остатоци од исчезната цивилизација

Знаци на цивилизација која исчезнала без траг пред 7 века се пронајдени на многу невообичаено место – во генетскиот материјал на припитомени птици.

Митохондриска ДНК земена од остатоци од стари коски од мисирки сугерираат дека населението на оваа цивилизација едноставно се спакувале и преселиле, потврдувајќи ги изјавите на нивните потомци кои живеат во Југозападниот дел на САД.

Предците на Пуеболансите (наречени Анасази) биле членови на Пуебло племето кое еден период живеело во „регионот со 4 агли“ во Југозападниот дел на САД. Околу 13-тиот век, жителите на оваа цивилизација изградиле живеалишта од прекрасни структури направени од блокови песок и дрва на страните на карпите, на локацијата која денес е позната како Меса Верде Национален Парк во Колорадо. Потоа, еден век подоцна, локацијата била напуштена и десетици илјади луѓе ги снемало за неколку декади.

Овој егзодус претставувал мистерија за археолозите, додека нивните потомци, пак, сметаат дека Анасазите едноставно се спакувале и преселиле.

Сосема е возможно дека политичките пресврти и културните конфликти ги присилиле да го напуштат нивниот град, но конфликтните материјални докази тоа не го потврдуваат.

Без пристап до човечки коски за студирање, тим американски истражувачи го студирале следното најдобро нешто – коските на животните кои тие ги поседувале.

Истражувачите шпекулирале дека компарацијата помеѓу популацијата од животни како кучиња или мисирки би можеле да откријат знаци на миграција кои би обезбедиле посредни докази за движењата на Анасазите.

За да ја тестираат нивната хипотеза, тие екстрахирале митохондриска ДНК од стотиците коски од мисирки пронајдени во Меса Верде, како и од неколку замрзнати коски од кучиња, кои биле тестирани за хаплогрупи – купчиња гени од единечен родител кои се групираат заедно кога се наследуваат, правејќи ги идеални кодови за споредување на потеклото.

Коските од мисирките индицирале дека огромен прилив на птици се случил пред 7 века – пред 1280-тата, мисирките од реонот на Меса Верде и северниот дел на Рио Гранде имале комплетно различни матријархални лози, додека потоа мисирките од Рио Гранде почнале да носат халотипи од оние на Меса Верде, што е силен доказ за нивното мешање.

Овие коски се доказ дека околу 1270-та, Анасазите поради разни причини се преселиле (заедно со нивните мисирки) кон исток во реонот кој еден ден ќе стане северно Ново Мексико.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...