Камена плоча стара 2800 години никој не може да ја дешифрира

Кога станува збор за археологијата, нема ништо од поневеројатно од откривање на мистериозен јазик, слика или гравура. Но без солидни информации за оригиналните „автори“ или “уметници“ или било каква идеја што значи секој симбол, вистинското значење на одредени археолошки пронајдоци може засекогаш да биде изгубено.

Еден таков пример се гравурите на една камена плоча најдена на фармерско поле близу Кордоба, Шпанија, во 2002-та. Истражувачите од тогаш се обидуваат да ги дешифрираат, а нова студија објавена во журналот Antiquity сугерира дека е постигнат напредок.

Покрај гравури на потенцијално апстрактни слики, на овој камен се забележуваат елементи од разни јазици: шпански, грчки, ибериски, јужно арабиски и канаанит (регион со семитски говор на Блискиот Исток).

Проблемот е тоа што не е јасно што сите симболи значат сами по себе бидејќи не се аранжирани по некоја препознатлива шема и не е јасно дали се работи за обичен збор, фраза која се повторува, или пак симбол кој може да ги спои останатите зборови и да понуди некое значење.

Сега, базирано на „хемиска карактеризација, дигитални слики и гео-литолошки и епиграфски анализи“, тим од универзитетот во Севиља претставил две хипотези.

Според нив, плочата била креирана во железното време – помеѓу 9-ти и 3-ти век пне, и според она што го знаеме за човечката миграција тогаш се претпоставува дека нејзините креатори биле релативно неписмени луѓе, и дека записите на неа се работите кои тие ги забележувале на нивните патувања.

Алтернативно, плочата би можела да датира од доцното железно време, во периодот кога Римската Империја драматично се ширела низ Европа и Јужна Африка.

И двете групи луѓе биле присутни во јужна Шпанија и биле составени од разни племиња, секое со свој јазик и култура. Оваа мешавина од луѓе донекаде би објаснила зошто на плочата има толку различни лингвистични симболи.

Плочата е со големина на пониски европски маж или жена и се наоѓа во археолошкиот музеј во Монторо 8 години откога била пронајдена, а дури во 2012 бил направен позначаен напор да се открие мистеријата зад она што впишано на неа.

Постои голема шанса никогаш да не дознаеме што точно пишува на неа, бидејќи може да се работи или за некоја приказна која се пренесувала од генерација на генерација во врска со авантурите кои луѓето ги доживувале за време на нивните патувања или пак можеби се работи за колекција на антички графити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...