Метода за бришење сеќавања поврзани со страв

Стравот доаѓа и во здрави, но и во штетни дози. Здравиот страв, на пример, не учи да избегнуваме допирање на оган или остри рабови за да не се повредиме. Трауматичните искуства исто така развиваат стравови, а во случајот на пост-трауматски стрес (PTSD) можат да се развијат и фобии, кои се психолошки и емоционално штетни.

Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд, развиле метода која може да избрише специфични сеќавања врзани со страв.

Во мозокот, невроните комуницираат едни со други преку синаптички конекции, каде сигналите од еден неврон се пренесуваат во друг преку невротрансмитери.

Јун-Хеонг Чо, заедно со истражувачкиот тим кој го водел, успеале да демонстрираат дека формирањето на сеќавањата поврзани со страв кои се поврзани со специфичен аудитивен знак вклучува зајакнување во синаптичките конекции кои ги пренесуваат аудитивните сигнали до амигдалата, реон во мозокот есенцијален за искусување на стравот и сеќавањата. Со селективно ослабување на овие конекции, сеќавањата поврзани со страв веќе не биле поврзувани со аудитивниот знак со кој што биле поврзани претходно.

Тимот спровел тестирања на однесувањето на глувците, кои биле изложени на висок и низок тон. Потоа, тие повторно биле изложени на висок тон, кој овојпат бил пропратен со мал електричен шок во нивните нозе. При повторно нивно изложување на двата вида тонови, глувците престанувале да се движат кога ќе го слушнеле високиот тон, иако при тоа не биле изложени на електрошокови. Таква реакција немало кога го слушале нискиот тон.

Ова однесување се должело на тоа што искуството низ кое поминале развило посилни синаптички конекции кои ги испраќале сигналите од високиот тон до амигдалата, учејќи ги глувците, всушност, да се плашат од звукот. Оваа нервна врска можела да се редуцира со користење на оптогенетика – изложување на светлина која ги ослабува синаптичките конекции и ги брише сеќавањата поврзани со стравот.

Во мозокот, невроните кои ги примаат високите и ниските тонови се помешани, а истражувачите успеале експериментално да ги стимулираат само оние неврони кои реагирале на високите тонови. Користејќи нискофреквентни стимулации со светлина, тие успеале да го избришат сеќавањето поврзано со стравот преку вештачко ослабување на конекциите кои ги пренесуваат сигналите (високиот тон) асоцирани со аверзивниот настан, во овој случај електрошокот во нозете.

Трауматичните сеќавања од овој вид често пати водат до нездрави реакции па дури и штетно однесување. На пример, личност која претрпела сообраќајна незгода може да развие страв кој ќе му предизвикува повторно доживување на трауматичното сеќавање секој пат кога ќе влезе во автомобил.

Со оваа нова метода, би било возможно да се таргетираат токму ваквите стравови со цел да се елиминираат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...