Откриени 3 скриени гробници стари 2000 години

Археолози откриле 3 нови Египетски гробници кои се стари над 2000 години.

Ова ново откритие ќе им овозможи достапност на експертите до нови артефакти вклучувајќи коски, фрагменти од глинени објекти, па дури и неколку саркофази во разни големини кои ќе откријат повеќе детали во врска со тоа како тогашните луѓе живееле и умреле.

Анализата на глинените фрагменти покажува дека овие гробници постојат од пред неколку векови, помеѓу 27-мата Династија (525 до 404 п.н.е) и Греко-Римската ера (332 п.н.е до 395 н.е)

Откопувањата се вршат на локацијата Ал-Камин Ал Сарави близу до градот Самалут, на 200км од Каиро, а започнати се уште во 2015-та.

Интересно е дека новите гробници не се како другите 20 откриени на истата локација, кои сите биле во ист стил на катакомби кој бил распространет за времето на 27-мата Династија.

Досега се откриени 6 саркофази, дрвен ковчег и 15 дупки за гробови.

Коските пронајдени во 3-те гробници се чини дека се од мажи, жени и деца со различна возраст, што сугерира дека овие локации биле дел од поголеми јавни гробишта, отколку од воени гарнизони.

Иако не се работи за премногу спектакуларно откритие во скорешната Египетска историја, сепак покажува колку старите Египќани се грижеле за погребните обичаи, со гробници и саркофази кои траат илјадници години.

Во мај, истиот археолошки тим открил 17 мумии во пустинските катакомби во близина на сегашната локација, каде биле откриени и саркофаг и два листа папирус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...