Дождот од дијаманти создаден во лабораторија

Ако мислите дека времето на нашата планета понекогаш е многу лошо, замислeте какво е на ледените џинови Нептун и Уран, каде интензивните притисоци и супер-топлите температури предизвикуваат врнежи од дијаманти. Сега, научниците успеале тој ефект да го рекреираат тука на Земјата.

Со помош на исклучително моќни оптички ласери со кои брзо се загревал полистирен, истражувачите успеале да создадат и да го студираат овој „дијамантски дожд“ во лабораторијата, што би ни помогнало подобро да ги разбереме условите на другите планети слични на Нептун или Уран.

Претходно, истражувачите можеле само да претпоставуваат како дијамантскиот дожд се формирал, а сега тоа е потврдено со овој експеримент.

Научниците сметаат дека на Нептун и Уран интензивните притисоци го формираат водородот и јаглеродот од планетата во дијаманти, а тој процес се случува на околу 8050км под површината на планетата.

На овие планети нема полистирен, но тоа е хемикалија која ги заменува состојките формирани од метан, кои ги има во огромни количини на овие две планети.

За да го рекреираат ефектот, научниците креирале два ударни бранови во полистиренската пластика, користејќи инструмент наречен Matter in Extreme Conditions (материја во екстремни услови) за да генерираат огромна топлина.

Кога двата брана се сретнале, креирале температури околу 4727 °C и притисоци од околу 150 GPa (скоро половина од притисокот во јадрото на Земјата) – слично на условите кои постојат на Нептун и Уран.

Една од мистериите кои овој дијамантски дожд ги објаснува е зошто ледените џиновски планети се способни да генерираат повеќе топлина отколку што е очекувано. Причината за тоа е што дијамантите поради тоа што се потешки од околината, тонат во неа, при што се создава триење кое генерира топлина.

Истражувачите се надеваат дека оваа студија ќе помогне во производството на дијаманти на Земјата – поточно, вештачките дијаманти кои сега се креираат со помош на експлозиви, би можеле многу поефикасно да се креираат со ласери, доколку ова истражување и понатаму се развива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...