Откриен начин за зголемување на енергетската моќ на нуклеарната фузија

Нуклеарната фузија е комплициран процес и монетарно енергијата која ја добиваме од неа не е доволна да ја оправда работата потребна за да таа се изведува.

Доколку се најде начин нејзината енергетска моќ да се зголеми, таа би не довела чекор поблиску до иднина целосно напојувана од чиста енергија.

Тим истражувачи од MIT можеби пронашле начин да го постигнат токму тоа. Во студија објавена во Nature Physics, тие детално објаснуваат како адаптирајќи го „рецептот“ за нуклеарна фузија им овозможил значително да ја зголемат нејзината енергетска моќ, а нивните резултати биле реплицирани од истражувачи од најголемиот фузиски уред во Европа, наречен Joint European Torus.

Методата за фузија на тимот од MIT вклучувала додавање на мали количини на уште еден јон (helium-3) во традиционалната мешавина од 5% водород и 95% деутериум. Оваа мешавина била ставена во токамакот на Alcator C-Mod (магнетски уред за складирање на врела плазма), по што бил искористен процес познат како загревање на јонска циклотронска резонанца за да се активираат честичките.

Не само што овој експеримент им овозможил на истражувачите повеќе детали за начинот како честичките се движат во внатрешноста на нуклеарните реактори и ѕвездите, туку и ја зголемил енергетската моќ за 10 пати, со јони кои достигнувале магнитуда на енергија никогаш претходно постигната, наречена мегаелектрон-волти.

Потребно е уште многу работа пред оваа студија да се употреби во практична апликација на ефикасната фузиска енергија – според разни експерти, оваа енергија нема да ја користиме како примарен енергетски извор најмалку до 2030-тите.

Како и да е, сите овие истражувања не носат чекор поблиску до реалноста каде фосилните горива веќе нема да се земаат в предвид за создавање на енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...