Дали размислувате за вечен живот?

Сите некогаш сме се запрашале колку долго би сакале да живееме. Животот во цутот на младоста е навистина извонреден, но што кога настапува возраста проследена со константни болки во грбот, еректилна дисфункција и губење на меморијата?

Дали тогаш би размислувале за вечен живот и пронаоѓање на еликсир за истиот?

Професорот Џон Ајнмал и неговите колеги од одделот за Економетрија на Универзитетот Тилбург сметаат дека оваа тема нема да нè држи во неизвесност уште долго.

Според нивното истражување кое било спроведено на 75.000 луѓе кои починале во изминатите 30 години, е извршена проценка дека животниот век на жените може да достигне до 115,7 години, додека на мажите 114,1 години.

Како демографите, така и биолозите сметаат дека нема потреба да мислиме дека наскоро животната граница би се зголемила, бидејќи според податоците на долгогодишниот истражувач на оваа тема, Јин Виџг, тоа веќе било постигнато во 90-тите.

Сепак податоците на Виџг се покажале како неточни од Индонезиецот Мбах Гото, кој починал минатата година наводно на 146 годишна возраст.

Мбах приложил  целосна документација која покажува дека е роден на 31 јануари 1870 година, што го прави најстар човек на светот. Индонезиските власти потврдиле дека документите се легитимни иако Индонезија започнала со евидентирање на раѓањата од 1900 година. Ова значи дека Мбах можеби не бил роден во 1870-та, што би значело дека просечниот животен век сепак се движи во рамките на границата што била утврдена во истражувањето на Џон Ајнмал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...