Животни кои за среќа повеќе ги нема

Голем дел од животните кои порано ја населувале нашата планета се изумрени, што е одлично кога ќе видите како сè изгледале и се однесувале. Еве мал дел од нив:

1)Даеодон

Даеодонот е дедо на модерните свињи и бил голем колку носорог. Името буквално му значи „непријателски деструктивни заби“, а јадел буквално сè што ќе му дошло на пат.

2)Горгонопсид

Ова чудовиште кое изгледа како од некоја хорор видео игра или филм, некогаш бил предатор наречен горгонопсид - комбинација од куче и гуштер со големина на мечка и огромни заби, со глава подолга од 1 метар. Тие биле доминантните предатори за време на пермскиот период, и биле истребени од пермиско-триазискиот истребувачки настан кој го уништил 90% од живиот свет на земјата.

3)Лиоплеуродон

Лиоплеуродонот бил еден вид на крокодил „на стероиди“, чија регуларна големина била околу 10 метри (растел и до 15), а биле пронајдени и остатоци на примерок чија должина само на вилицата изнесувала 3 метри.

4)Меганеура

Денешните Вилински коњчиња се малечки и убави за гледање, но нивниот предок, Меганеура, имал распон на крилјата од над 60 сантиметри.

5)Хеликопрон

Хеликопронот бил предатор чии заби не паѓале, туку растеле во форма на циркуларна пила.

6)Титанобоа

По истребувањето на диносаурусите пред околу 60 милиони години, масивна змија наречена Титанобоа го завземала нивното место како најголем и најопасен предатор на Земјата. Ваквите змии биле долги над 15 метри, тежеле над 1 тон и пленот го убивале со стегање.

7)Мегапирани

Овие пирани биле долги најмалку еден метар, живееле пред 10 милиони години и имале заби во 2 реда, така што е вистинско чудо што било кое водено животно преживеало покрај нив.

8)Мегаланиа (Varanus Pricus)

Ова биле далечни роднини на Комодо гуштерот и тежеле над 600 килограми, а биле долги околу 5.5 метри. Исчезнале од Австралија пред 50 000 години, што значи дека најраните Абориџини можеби имале контакт со нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...