Создадена батерија што „дише воздух“

Тим истражувачи од MIT развиле нов вид на батерија која „дише воздух“ која може да складира енергија со месеци по една петтина од цената потребна за тоа со сегашните технологии.

Таа функционира со „инхалирање“ на надворешниот воздух додека се празни, а се полни кога „издишува“ кислород.

Според нејзините креатори, батеријата буквално вдишува и издишува воздух, но не издишува јаглерод диоксид како луѓето, туку кислород и со внесувањето и исфрлањето на кислород од системот креира баланс во напонот.

Катодата и анодата на оваа батерија се всушност течности кои преку размена на јони складираат и испуштаат енергија. Анолитот е мешавина од вода и сулфур, додека католитот е оксидирана мешавина од течна сол, која на батеријата и овозможува да го „издишува“ воздухот. Кога воздухот се „вдишува“ се креираат негативно напојувани хидроксидни јони во католитот, а кога се издишува електроните се враќаат во анолитот и се креираат водородни јони.

Литиум-воздушните батерии кои имаат иста енергетска густина функционираат на ист начин – но сулфурот, солта и водата се значително поевтини. Намалувањето на трошоците е од суштинско значење за развој на системи за складирање на енергија која потоа може да се адаптира за користење во енергетската мрежа.

Тимот истражувачи смета дека верзија од нивната батерија произведена во вистинска големина (прототипот е голем колку обична шолја кафе) би чинела $20 до $30 по киловат час (kWh), а колку за споредба останатите системи кои сега се користат чинат околу $100 по kWh.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...