Стравот од змии и пајаци ни е вроден

Долго време се дебатира дали арахнофобијата (стравот од пајаци) е вроден во нас како вид или е научен преку културата, а за да го дознаат одговорот на ова прашање, научниците „регрутирале“ нај невини и неутрални партиципанти: човечки бебиња.

Истражувачки тим од Макс Планк институтот за човечки когнитивни и мозочни науки во Германија експонирал 6 месечни бебиња на фотографии од пајаци за да ја измери нивната вродена и необучена реакција.

Покрај сликите од пајаци, на новороденчињата (кои безбедно седеле во скутот на родителите) им биле покажувани и слики од цвеќиња, а во посебен експеримент тие гледале и во серија слики од змии и риби.

За време на експериментот, пупиларната дилатација (ширењето на зеницата) на бебињата била мерена со инфрацрвен сензор, со што се покажувало нивото на хемикалијата норадреналин која се лачи при ситуации кога телото смета дека е во „борбена“ состојба да се одбрани од нешто.

Кога им биле покажувани слики од змии или пајаци наместо цвеќиња и риби, зениците на бебињата значително се зголемувале, а дури и најмладите бебиња биле „потресени“ од овие групи на животни, кои воопшто и немале дотогаш научени дека пајаците можат да се опасни.

Сето ова ги довело истражувачите до заклучок дека стравот од змии и пајаци е од еволуционо потекло – механизмите во нашите мозоци ни овозможуваат да идентификуваме одреден објект како „пајак“ или „змија“ и на него да реагираме многу брзо.

Иако модерниот живот значи дека повеќето од нас ретко (или никогаш) ќе имаме контакт со опасна змија или пајак, нашите далечни предци не биле толку среќни – а тој нивен страв кој се пренесувал од генерација на генерација се пренел и на нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...