Вообичаени фобии и нивните психолошки причини

Нашите стравови од навидум тривијални работи понекогаш ни се чинат ирационални, но нив ги делат милиони луѓе. За голем дел од фобиите знаеме што ги предизвикува, за некои не, а некои сè уште не се признаени како официјални фобии.

Еве кои се највообичаените фобии и нивните психолошки причини:

1) Акрофобија - страв од височина

Оваа фобија е најзастапена и се зголемува како што старееме. Името и доаѓа од грчкиот збор ákron што значи раб или врв, а потекнува од неспособноста за перципирање на вертикалните димензии.

Истражувањата сугерираат дека луѓето со оваа фобија ги преценуваат вертикалните растојанија, а оние кои тоа го прават со најголема грешка имаат најсилна фобија.

2) Офидофобија – страв од змии

Иако за некои змии е оправдана, за повеќето е ирационална бидејќи повеќето змии се комплетно безопасни. Скорешни истражувања сугерираат дека новороденчињата имаат вроден страв од змии уште кога ќе се родат, што значи дека тој е природен, а не негуван и всушност претставува еден вид на инстинкт за преживување кој е вроден кај луѓето.

3) Глософобија - страв од зборување пред јавност

За некои луѓе, оваа анксиозност од зборување се манифестира со мала нервоза, додека некои се комплетно вкочанети од страв. Точната психологија зад нејзините причини не е позната.

4) Арахнофобија – страв од пајаци

Како и стравот од змиите, се чини дека оној од пајаците е делумно вроден. Неговата психологија не е до крај позната, но постојат неколку можности за развивање на оваа фобија.

Причина за неа може да е наглото движење на пајаците, или еволутивен одговор предизвикан од нашата интеракција со нив.

5) Клаустрофобија – страв од мал простор

Истражувањата сугерираат дека луѓето кои го проектираат нивниот личен простор далеку од нивните тела се повеќе склони кон искусување на клаустрофобија, а таа може да е поврзана и со дисторзија во перцепцијата на просторот. Ефектот е спротивен од оној кај стравот од височини, бидејќи е предизвикан од преценување на хоризонталните растојанија.

6) Мусофобија – страв од глувци

За оваа фобија има многу малку истражувања, а некои теории тврдат дека нејзина причина е условниот одговор на телото кој е зајакнат кога сме изненадени од ненадејната појава на глушецот. Таа може да е поврзана и со потсвеста, бидејќи некои луѓе се свесни дека глувците се потенцијални преносители на разни болести.

7) Трипанофобиа – страв од игли и инјекции

Ова фобија вклучува страв од игли, шприцеви и инјекции, а не била препознаена сè до 1994-та. Некои сметаат дека е генетичка, поврзана со стравот од убоди кај нашите далечни предци, а околината во која обично се даваат инјекциите (болница или за време на операција) влијаат врз анксиозноста.

8) Авиофобија или аерофобија – страв од летање со авион

Најголема причина за оваа фобија е ослободување на хормоните на стрес кога авионот крстосува. Турбуленциите го зголемуваат нивото на стрес, редуцирајќи ја когнитивната способност, што уште повеќе го зголемува стресот.

9) Агорафобија – страв од отворен простор и гужви

Агорафобијата се однесува на ситуација каде бегството би било тешко, како што е наоѓање во отворен простор или во јавен превоз. Може да предизвика анксиозност, а оние кои ја имаат и да избегнуваат воопшто да излегуваат од дома.

Причината е панично пореметување, каде луѓето искусуваат панични напади и моменти на интензивен страв. Трауматски настани поврзани со одредени локации или со чувство на жалост придонесуваат за развој на оваа фобија, за која може да има и генетски причини.

10) Коулрофобија – страв од кловнови

Причината за оваа фобија може да се должи на препознавање на одредени модели на однесување, каде што луѓето ги препознаваат кловновите како познати ликови, но се вознемирени кога нивниот лик не се совпаѓа со она што тие мислат дека треба да го видат.

Други, пак, сугерираат дека причината е што не може да се види вистинската експресија на лицето на кловновите, што некои ги вознемирува – исто како и постојаната насмевка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...