Овци тренирани да препознаваат лица на славни личности

Познато е дека овците имаат големи мозоци и се социјални, а можат и да ги препознаваат лицата на другите овци и овчарите.

Сега, нова студија покажала дека тие исто така можат да научат да идентификуваат лица на луѓе кои никогаш ги немаат сретнато – само по гледањето на нивните фотографии.

Резултатите од оваа студија се дел од поголем проект чија цел е разбирање на начинот на кои што овците учат, за да им даде на истражувачите насоки што погрешно се случува во мозокот кога болести како Хантингтоновата го пореметуваат нормалното процесирање.

Користејќи фотографии од познати личности како Барак Обама, Ема Ватсон, Џејк Џиленхал и други, овците биле тренирани да ги препознаваат луѓето од слики, дури и кога тие им биле покажани сликани од различни агли, при што било откриено дека успешно можат да спојат 2D слика со 3D личност и да ги забележат промените во перспективата.

За потребите на студијата, 8  планински овци биле тренирани да ги препознаат ликовите на гореспоменатите познати личности, а како награда за успешно одбраната слика им била давана храна.

Во следната фаза, истите фотографии биле поставени до ликови од други луѓе, и овците ги одбрале претходно научените лица 8 од 10 пати.

Бидејќи препознавањето на ликови вклучува неколку различни делови од мозокот, набљудувањето како таа способност ослабува или останува иста би можела да ни покаже нови начини за забележување на најраните знаци на мозочните болести.

Истражувачкиот тим ги користел овците како животински модел за истражување на неуродегенеративната Хантингтонова болест, за која потреба веќе имаат група овци генетски модифицирани да ја имаат мутацијата која ја предизвикува.

Оние кои ја имаат оваа болест (за која нема лек) имаат потешкотии при препознавањето на фацијалните емоции, а искусуваат проблеми и со моторната координација, менаџирање на расположенијата, и активирање на стари сеќавања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...