Органски материјал креира електрицитет кога е изложен на притисок

Нов флексибилен материјал развиен од истражувачите од ЕМПА, (Швајцарски федерални лаборатории за наука и технологија на материјалите) генерира електрицитет кога е компресиран и растегнат.

Ваков материјал е возможен благодарение на пизоелектричниот ефект, кој го употребуваат аналогните грамофони. Тие ја свират музиката преку игла која ги чита нерамнините на плочата и притоа механички вибрира.

Преку пизоелектричниот ефект, овие вибрации се конвертираат во електрични импулси кои генерираат звучни бранови, а таа конверзија на механичкото движење во електрична енергија се случува и кај материјалот креиран од истражувачите од Емпа.

Претходно, овој ефект бил забележан само кај кристалите, а Дорина Оприс и нејзините колеги докажале дека неговите карактеристики можат да постојат и кај еластичните материјали.



За жал, овој нов материјал не е воопшто лесно да се произведе. Прво, поларните наночестички и силиконот мора детално да се оформат пред да се поврзат. Потоа во тенкиот еластичен филм се пушта силно електрично поле кое го креира пизоелектричниот ефект.

Поради неговата тенка, флексибилна и органска природа, ваквиот материјал би функционирал многу подобро во човечкото тело отколку гломазната електроника и би бил идеален за изработка на сензори чувствителни на притисок, песмејкери и останати медицински уреди. Тенкиот филм би можел да се користи и во облеките кои би генерирале електрицитет од самото движење на оној кој ги носи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...