Откриен скелет на изумрена морска крава долг 6 метри

До 18-тиот век, во водите на Беринговото море на брегот на Русија живеело огромно, морско „чудовиште“ кое изумрело поради тоа што било постојано ловено од луѓето.

Стелеровата морска крава била откриена во 1741-ва и по само 27 години веќе ја немало. Сега, еден од најкомплетните скелети од овој морски џин бил пронајден на плажа на едно острово во Сибир, откривајќи креатура која била долга околу 6 метри – колку денешните китови убијци.

Скелетот бил без глава, а вклучувал 45 пршлени, 27 ребра, и левата скапула т.е плешка.

Стелеровите морски крави, инаку, крави живееле во морињата помеѓу Сибир и Алјаска, можеле да израснат до 10 метри, и да тежат околу 10 тони. Името го добиле според Џорџ Стелер, германски натуралист и истражувач кој овој вид го открил во 1741-ва, а кој по откритието била ловен поради обилните количини на месо и кожа, но и поради тоа што животните биле бавни и лесни за убивање.

Овој нов скелет ќе биде изложен во природниот резерват Командорски, каде не само што ќе ги едуцира луѓето за историјата на природата на сибирските острови, туку и да ги потсетува какви сè животни порано се движеле на Земјата и нејзините водени површини, и дека нашите акции имаат сериозни последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...