Кога мозокот е оптоварен подобро е да слушате со десно уво

Доколку нешто сакате навистина да слушнете, подобро е главата да ја наведнете кон звуците што влегуваат во вашето десно уво.

Според ново истражување, кога се случуваат повеќе работи во исто време и мозокот има когнитивно оптоварување, луѓето повеќе зависат од нивното десно уво за процесирање и задржување на звучните информации.

Ова се нарекува дихотична предност на десното уво и веќе подолг период и е познато на науката. За прв пат е опишано во 1967-ма, и било поврзано за левата мозочна хемисфера која кај повеќето е доминантна за процесирање на јазикот.

Во 1973-та, истражувачите објавиле студија каде дихотичната предност на десното уво кај децата била забележана кај оние помеѓу 5 и 13 години, додека студија од 1974-та открила дека потешкотиите во слушањето ја зголемуваат оваа предност.

Во најновото истражување, истражувачите сакале да одредат дали дихотичната предност опстојува дури и при позадинската бучава со која секојдневно се соочуваме. Па така правеле тестови во таква околина наместо во фокусирани, тивки простории, обидувајќи се да проценат колку таа е застапена и кај возрасните.

Детските аудитивни системи имаат потешкотии со слушање различни звуци во секое уво, што е причината што повеќе се потпираат на слушање со десното уво. Кај возрасните, системите се подобри во процесирање и комбинирање на звучните сигнали, па така дихотичната предност се намалува.

За потребите на студијата, истражувачите регрутирале 41 возрасна личност помеѓу 19 и 28 години старост, кои партиципирале во мноштво тестови. Она што било откриено е дека штом бројот на звучни информации го надминал меморискиот капацитет на личноста, способноста да се запомнат работи слушнати со десното уво била поголема отколку таа на левото уво. Во просек, ова подобрување било околу 8%, а кај некои индивидуи и до 40%.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...