Физичари креирале услови во кои времето се движи наназад

Користејќи комбинација од хлороформ и ацетон, истражувачи создале услови каде се чини дека времето се движи наназад.

Експериментот бил изведен од интернационален тим физичари фокусирани на главната карактеристика што често ја користиме за да го дефинираме времето - движењето на енергијата.

Интуитивно, времето е едноставно – на пример, можеме да се сеќаваме на минатото, но не и на иднината. Но, зошто времето не се движи и напред и назад?

Одговорот лежи во нешто што се нарекува ентропија. Во систем како нашиот Универзум, работите се движат од подредени до хаотични.

Во однос на законите на термодинамиката, тоа значи дека топол објект не може да се стави во студена соба и да се очекува собата да стане постудена, а објектот потопол – бидејќи топлите работи имаат тенденција да се ладат.

Разни експерименти покажале дека, дури и на квантно ниво, честичките се однесуваат во зависност од иницијалните почетни услови – со други зборови, се движат нанапред.

Сега, тимот истражувачи го истражувале хлороформот, молекул создаден од јаглероден атом поврзан со еден атом на водород и три на хлор.  Потоа, тие користеле силно магнетно поле да ги издвојат јадрата (т.е нуклеусот) на јаглеродните и водородните атоми кога молекулите биле суспендирани во ацетон и ги манипулирале карактеристиките на нивните честички.

Ова им овозможило да го истражуваат нивното однесување кога бавно ги загревале јадрата користејќи нуклеарна магнетна резонанса.

Според правилата на времето, како што еден нуклеус се загрева, би требало да ги пренесе своите случајни движена на постудените честички додека и тие не се иста температура како него, промена која што би била препознатлива во нивните енергетски состојби.

Во нормални услови, токму тоа се случувало. Но, истражувачите откриле прилично интригантен исклучок кога честичките биле во корелација.

Тоа значи дека одредени веројатности останале заклучени благодарение на претходните интеракции, нешто како помека верзија на квантна заплетканост.

Корелацијата на честичките направила значителна разлика во начинот како енергијата се делела. Загреаните водородни честички станале уште потопли, додека нивнот постуден јаглероден „партнер“ станал постуден.

Со други зборови, студијата открила  термодинамичен еквивалент на враќање на времето во мал дел од Универзумот.

Ова било лимитирано на многу мал размер – технологијата нема да ни овозможи временска машина која ќе не врати во 60-тите, но покажува дека правецот на времето не е апсолутен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...