Спреј за нос против зависност од коцкање

Тим научници од финскиот национален институт за здравје и благосостојба (THL) во Хелсинки ќе започнат со првото клиничко тестирање во светот за спреј за нос кој може да помогне во намалување на желбата за коцкање. Со него таа навика би можела потполно да се искорени.

Спрејот содржи налоксон, лек познат како конкурентен опиоиден антагонист кој вообичаено се користи за блокирање на ефектите од опиоидите и помага на луѓе предозирани од опиоиди.

Функционира така што ги спојува рецепторите на опијати без да ги активира, ефективно блокирајќи ги, намалувајќи ги ефектите на било кои дроги или лекови кои содржат опиоиди.

Лековите и дрогите кои создаваат зависност и коцкањето активираат исти нервни кола на многу сличен начин. Опиодините антагонисти, како налоксонот, исто така индиректно ги инхибираат мозочните клетки од создавање на допамин, па така луѓето не ја чувствуваат истата реакција која порано ја чувствувале кога победувале – што евентуално би им помогнало да се откажат од коцкањето.

Тестирањето започнува следната недела и вклучува 130 партиципанти, а ќе трае до една година. Во период од 3 месеци, половина од нив ќе го користат вистинскиот спреј, додека другата половина плацебото – по што ќе се споредат првичните резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...