Јаглеродни влакна од билки наместо од нафта

Јаглеродните влакна се Супермен помеѓу материјалите – тие се 5 пати посилни од челикот со само мал дел од неговата тежина, а се користат за изработка на работи како тениски рекети па до перки за турбини на патничките авиони.

Тие се прават од нафта и останати скапи состојки, правејќи го крајниот продукт значително поскап, што е причината што, на пример, овој материјал најчесто го гледаме во спортските и тркачки автомобили, а ретко кај обичните патнички.

Сега, тоа можеби ќе се промени, со тоа што научниците ќе бидат способни да ги прават јаглеродните влакна од билки наместо од нафта.

Материјалот всушност е направен од хемикалијата наречена акрилонитрил, која сега се добива од нафта, амонијак, кислород, и скап катализатор – што е причината што неговата цена се подига и спушта во зависност од цената на нафтата. Процесот за негова изработка вклучува многу топлина, а како резултат се добива и токсичен нуспроизвод.

Грег Бекам, водач на групата од NREL - националната лабораторија за обновлива енергија во САД, развил нов процес за создавање акрилонитрил од билки, и тоа од нивните делови кои луѓето не ги јадат, како стебленцата од пченка и сламата од пченицата. Научниците овие продукти ги разложиле на шеќери, кои потоа биле конвертирани во киселина и комбинирано со евтин катализатор за да се создаде акрилонитрит. Процесот не генерирал вишок топлина, и не создал токсични нуспроизводи.

Истражувачите сега работат заедно со неколку компании да произведат огромни количини акрилонитрит кој ќе биде претворен во јаглеродни влакна кои ќе се тестираат за употреба во автомобилите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...