Реконструкција на лице на тинејџер кој живеел пред 9000 години

Археолозите кои ја откриле оваа 18-годишна девојка во локација која се наоѓа во денешната Грција ја нарекле Авги, што во превод значи „зора“, бидејќи живеела во „зората на човечката цивилизација“ околу 7000 год. пр.н.е.  По живеење како ловци-собирачи стотици илјади години, ова било времето кога луѓето транзиционирале кон организирани општества благодарејќи на технолошкиот напредок и културните промени донесени со земјоделската револуција

Тим грчки научници и археолози од универзитетот во Атина ја претставиле оваа реконструкција во музејот на Акропол, која била направена врз основа на череп откопан во 1993-та во пештерата Теопетра во грчкиот град Тесали.

Првичните анализи на коските сугерирале дека личноста била стара 15 год. кога умрела, но анализата на забите покажала дека се работи за 18 годишник.

Истражувачите направиле 3D-принтана копија од черепот со помош на скенирање користејќи компјутерска томографија, а потоа биле креирани претпоставки на дебелината на месото на одредени анатомски точки на лицето. Овие информации се искористиле за да се состави изгледот на лицето на оваа 18 годишна девојка, додека бојата на косата и очите биле превземени од карактеристиките на популацијата која живеела тој период во тој регион.

Според Оскар Нилсон, шведскиот археолог и вајар кој работел на проектот, Авги има уникатни и не претерано женствени карактеристики на лицето и черепот. Бидејќи има рекреирано ликови на полно мажи и жени од Каменото време, тој смета дека одредени фацијални карактеристики со тек на времето исчезнале или се „измазниле“, и дека генерално човечката раса денес изгледа помалку мажествено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...