Што би се случило доколку Земјата одеднаш престане да ротира?

Хипотетичките прашања се секогаш забавни за науката бидејќи не тераат да размислуваме за она што го знаеме, но во различен контекст. Едно од нив е што би се случило доколку Земјата одеднаш би престанала да ротира.

На екваторот, истата секунда кога тоа би се случило, би се почувствувале како да сте во автомобил кој се движи со брзина од 1670км/ч и кој одеднаш сопира. Доколку во тој момент се наоѓате во зграда, ќе бидете фрлени врз најблискиот источен ѕид со гравитациско забрзување 47 пати поголемо од она на нашата планета.

Земјата би била неподвижна, но сè друго ќе продолжи да се движи со истата брзина со која планетата претходно се движела, што ги вклучува атмосферата и океаните. Ветриштата ќе бидат 4 пати посилни и побрзи отколку најбрзиот ветер забележан досега (од 408км/ч), а потоа ќе следи и огромен бран предизвикан од цунами, кој што ќе уништи сè што дотогаш нема да е уништено од ветришата.

Штетата ќе биде поголема колку локацијата на која што се наоѓате е поблиску до екваторот, но и во близина на двата пола. Поради ротацијата, тие  се 21км поблиску до центарот на Земјата отколку екваторот, а без неа океаните ќе мигрираат кон половите – каде гравитацијата е најсилна – при што ќе креираат разорни земјотреси, два големи океани и еден огромен мегаконтинент кој ќе се протега по должината на екваторот.

Северниот океан ќе го потопи поголемиот дел од Европа и Русија, цела Канада и Гренланд, како и Чикаго, Сиетл и Бостон. Њујорк сè уште ќе остане во близина на океан, но од друг правец. Во јужната хемисфера, океанот ќе потопи големи делови од Аргентина, Чиле,и Нов Зеланд, како и целиот континент Антарктика.

Секој ден во годината на страната свртена кон Сонцето ќе биде ден, а за да се искуси ноќта ќе треба да се отиде на другата страна на планетата. Земјата која не ротира ќе нема ни магнетно поле бидејќи нејзиното течно јадро ќе биде неподвижно, а без него најголемиот дел од живиот свет ќе изумре поради радијацијата.

Земјата и сега ротира побавно отколку порано, а должината на еден просечен ден е зголемена за 1.7 милисекунди во последниот век.  Со ова темпо, на планетата ќе и требаат 18.5 милијарди години за да еден ден трае цела година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...