Што му се случува на мозокот за време на смртта?

Поголем дел од животот останува мистериозен и за најголемите научни умови, а она што се случува во моментот на смрт е исто така обвиткано во мистерија.

Сега, нова студија објавена во „Аналите на неврологијата“ ни дава фасцинантен увид во невробиологијата на умирањето.

Не само што животинскиот и човечкиот мозок умираат на сличен начин, туку постои и период каде враќањето на неговата функција хипотетички е возможен.

Научниците од берлинскиот медицински универзитет и универзитетот во Синсинати анализирале пациенти кои имале сериозни повреди на мозокот од сообраќајни несреќи, мозочни или срцеви удари, кои резултирале со нивна смрт поради активирање на забраната за реанимација (претходно дадена од нивна страна) и отстранувањето на механичките апарати за дишење.

Голем дел од она што го знаеме за мозочната смрт потекнува од рани студии правени врз животни во 20-тиот век.

Со запирање на кардиоваскуларниот систем, мозокот нема прилив на кислород, при што настанува состојбата позната како церебрална исхемиа. Недостатокот на неопходните хемиски компоненти доведува до „комплетна електрична неактивност“ во мозокот.

Ова т.н церебрално замолчување се случува за невроните да ја конзервираат нивната енергија, така што како се намалуваат резервите на аденозин трифосфат (состојката која ја складира и транспортира енергијата низ телото),  така јоните „протекуваат“ од мозочните клетки .

По ова, обновата на мозочното ткиво е невозможна, бидејќи клетките за помалку од 10 минути по престанувањето на циркулацијата развиваат неповратни повреди.

Со соодветна правна согласност од семејствата на пациентите, невролошката активност на нивните мозоци при процесот на умирање била внимателно набљудувања преку електроди.

Кај 8 од 9 пациенти, опремата забележала „палење“ на мозочните клетки кои се обидувале да го спречат неизбежното. Ова се случувало симултано низ целиот мозок и било наречено „депресија која не се раширува“

По ова следело „ширење на деполаризацијата“ или т.н „мозочно цунами“, што вклучува огромно ослободување на термална енергија поради растурање на електрохемиските баланси кои ги одржуваат во живот мозочните клетки, што води до токсификација и деструкција на мозокот. Потоа, како нивото на кислород кај пациентите се намалувало, електричната активност во мозокот исто така се намалувала.

Ширењето на деполаризацијата го обележува почетокот на токсичните клеточни промени кои водат до смрт, но не се маркер за смртта бидејќи таа може да се поврати (до одредена точка) со обновување на снабдувањето на мозокот со енергија.

Потребни се уште многу истражувања за да ваквото „клеточно воскреснување“ е возможно, бидејќи за работи за комплексен феномен за кој не постојат едноставни одговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...