Книга стара 1400 години содржи текст видлив само со рендген

Научници од Калифорнија истражувале архаична книга со религиозни химни со потекло од 11-тиот век, која се испоставило дека сокрива податоци кои датирале од пред многу векови во минатото. Дел од нив потекнуваат од еден човек кој се смета за татко на медицинската наука која ја имаме денес.

Тој човек бил Гален од Пергамон, грчки лекар и филозоф роден под Римската империја во текот на 2-риот век, кој преку своите учења и дела станал познат како еден од најголемите медицински умови.

Пергаментот кој бил испитуван од научниците од националната лабораторија SLAC оригинално бил пишан со учењата на Гален пред тие да бидат скриени од псалми цел еден милениум.

Пред да бидат покриени, медицинските расправи на Гален биле пишани на античко сириски јазик во 6-тиот век, најверојатно од некој од манастирот Св. Катерина во Египет.

500 години подоцна овие важни писанија биле препишани со религиозни псалми, најверојатно поради економски причини бидејќи пергаментот не бил евтин, а не поради некоја малициозна агенда да се сокрие делото на Гален.

Скоро една декада научниците користеле мултиспектрално снимање за да ги откријат трагите од текстот под псалмите, а сега благодарение на Стенфорд Синхотрон радијацискиот светлосен извор, тие конечно успеале да ги дешифрираат скриените зборови со помош на зраци генерирани од цикличен забрзувач на честички преку кој биле експонирани остатоците од масло впиени во пергаментот од оригиналните натписи.

Со оваа технологија за 10 часа биле анализирани 26 страни од книгата кои откриле секции текст кој не бил виден од никого илјадници години. Доколку се дешифрира целата книга ќе се дознаат уште многу тајни поврзани со историјата на развитокот на медицината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...