Метално-органски сунѓери за прочистување на вода

Ново истражување сугерира дека кристалите познати како метално-органски мрежи (MOF) би можеле да ни овозможат питка вода и литиум за батериите.

Веќе подолг период MOF ги интересираат хемичарите бидејќи нивните сунѓерести структури можат да се користат за фаќање и складирање на молекули и јони, додека дупките можат да се модификуваат според големината на одредени молекули овозможувајќи на MOF-овите да функционираат како филтри.

Моментално, за да се отстрани солта од морската вода таа треба или да се зоврие, или да се пушти низ мембрани користејќи го процесот познат како обратна осмоза - два процеси кои побаруваат многу енергија.

Морската вода содржи литиум, натриум, калиум и рубидиум (од групата на алкални метали) и иако натриумот доминира, потребно е сите тие да се отстранат за да се добие свежа и чиста вода. Конвенционалните мембрани ги одбираат најголемите атоми кои најлесно се транспортираат, но MOF-овите го прават спротивното.

Научниците велат дека прочистувањето на водата со многу различни соли во неа ќе побарува повеќе MOF мембрани, но количината на електрицитетот потребен за тоа би била многу помала во споредба со онаа која ја побаруваат постоечките методи.

Покрај создавањето чиста вода, овој процес би се користел и за екстракција на елементи како литиумот кој го користат повеќето мобилни електронски уреди, но и електричните автомобили.

Иако претпоставките се дека ќе поминат уште 10-15 години додека MOF-базирани водени филтри станат достапни, научниците се надеваат дека зголемувањето на бројот на компаниите кои работат во ова поле би помогнало за скратување на овој процес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...