Како да го предвидите времето според видот на облаците?

Модерните метеоролошки предвидувања се прават со комплексни компјутерски симулатори кои ги користат сите физички равенки кои ја опишуваат атмосферата, вклучувајќи го движењето на воздухот, температурата на сонцето и формацијата на облаците и дождовите.

Но, не секогаш треба суперкомпјутер за да се предвиди промената на времето која може да се случи за неколку часа – доволно е само да се погледне нагоре кон облаците.

Еве неколку видови облаци и временските прилики кои можат да се предвидат со нив:

1) Кумулус

Облаците се формираат кога воздухот се лади до точката на росење, температура при која тој веќе не може да го држи целото водено испарување. На оваа температура, тоа испарување кондензира и формира капки течна вода, што ние го гледаме во форма на облак.

За да овој процес се случи, воздухот треба да е присилен да се подигне во атмосферата, или влажниот воздух да дојде во контакт со студена површина.

Кога денот е сончев, сончевата радијација го загрева тлото кое пак го загрева воздухот над него. Овој загреан воздух се крева со конвекција и формира Кумулус – облак кој изгледа како шеќерна волна.

Доколку гледате во небо полно со Кумулуси, ќе забележите дека основата на сите е рамна, што значи дека се наоѓаат на исто ниво. Тие генерално не носат дожд, така што доколку небото е полно со нив, значи дека времето ќе биде убаво.

2) Кумулонимбус

Доколку забележите како Кумулусите се зголемуваат и подигаат нагоре кон атмосферата, тоа е знак дека се ближи интензивен дожд – ова е вообичаено во летото, кога утринските Кумулуси се развиваат во длабоки Кумулонимбуси подоцна во денот.

Близу тлото, Кумулонимбусите се убаво дефинирани, но нагоре почнуваат да ја губат формата на рабовите. Оваа транзиција индицира дека облакот веќе не е направен од капки вода, туку од ледени кристали.

3) Цирус

Цирусите се формираат многу високо во атмосферата и се комплетно составени од ледени кристали кои паѓаат низ неа, а доколку се носени хоризонтално од ветришта кои се движат со различни брзини, ја имаат карактеристичната форма на кука.

Доколку забележите дека Цирусите се спуштаат пониско и покриваат поголем дел од небото, тоа значи дека ќе врне во следните 12 часа.

4) Стратус

Стратусот е ниска континуирана прекривка која го покрива небото, а се формира од воздухот кој бавно се движи нагоре. Овој облак е тенок, и иако делува тмурно, од него ретко врне обемен дожд туку вообичаено само „прска“.

Составот на Стратусот е идентичен со маглата, па така доколку сте се движеле во планини по магла, тоа буквално значи дека сте „оделе по облаци“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...