Откриена комплетно нова океанска зона со непознати видови риби

Шест години откога неверојатни откритија биле направени од експедиции во јужното Карипско море, тим истражувачи од Смитсонијан ги објавиле првите детални информации за изненадувачки разновиден екосистем толку уникатен да околу него морала да биде дефинирана нова океанска зона, наречена „рарифотик“.

Претставувајќи ја секцијата на водениот столб каде слабата светлина се филтрира низ мезофотичната зона (40 до 150 метри), рарифотикот (од 150 до 309 метри) е претемен за да поддржува фотосинтетички корали кои градат гребени, а лежи над афотичната зона.

Тимот истражувачи документирал 4435 индивидуални риби за време на 80-те експедиции, меѓу кои биле откриени 30 нови видови, чија бројка се очекува и понатаму да расте како што се анализираат сите податоци.

И покрај недостатокот на алги кои се наоѓаат на дното на синџирот на исхрана кај традиционално дефинираните гребени, поголемиот дел резиденти од рарифотичните зони се риби кои можат дасе најдат и во плитките мезофотични зони. Ова е доказ дека овие видови можат да преживеат на длабочини дупло поголеми од оние за кои претходно се претпоставувало.

Генетските и физички анализи на некои од новите видови дополнително откриле дека дел од нив во скоро време еволуирале од нивните роднини од поплитките води, иако не е познато каков селективен притисок ја предизвикал таа транзиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил Мали Ѓокица и зборувал многу безобразно (срамотно). Еден ден тој оди во училиште, а учителката ги свикала девојчињата од класот и им вели: - Девојчиња! Ако слушнете Мали...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...