Континентот Африка се дели на два дела

Голема пукнатина која се протега неколку километри се појавила на југозападна Кенија, која предизвикала колапс на дел од автопатот Најроби-Нарок и била пропратена со сеизмичка активност во таа област.

Земјата е планета која постојано се менува, а тектониката на плочите е добар пример за ова.

Земјината литосфера е поделена на неколку тектонски плочи кои не се статични, туку се движат со различни брзини врз вискозната астеносфера (која се наоѓа меѓу 100 и 200km. под површината, и е слабата или „мека“ зона во горниот плашт)

Точно кои механизми се причината за овие движења сè уште е предмет на дебати, но најверојатно вклучуваат струи во рамките на астеносферата и силите генерирани на границите меѓу плочите.

Овие сили не само што ги движат плочите, туку предизвикуваат и нивно пукање и создавање расцепи што потенцијално може да води до креирање на нови граници на плочите.

Источно африканскиот систем на расцепи е пример каде што ова моментално се случува – тој се протега над 3000км. од заливот Аден кон Зимбабве, делејќи ја африканската плоча на два нееднакви дела – Сомалиска и Нубијска плоча.

Расцепите се почетната фаза на кршењето на континенталните плочи и доколку тоа е успешно може да води до формирање на нов океански слив.

Сите овие фрактури не се формираат истовремено – африканската секвенца започнала во регионот Афар во Етиопија пред околу 30 милиони години, и се движелa кон Зимбабве со брзина од 2.5 – 5cm годишно

Источно африканскиот расцеп е уникатен бидејќи ни овозможува да ги набљудуваме различните фази на расцепување (рифтинг) по неговата должина.

На југ, каде расцепот е млад, тоа се случува во поголема област каде сеизмичката активност и вулканската активност се ограничени. Кон регионот Афар, пак, подот на целата долина е покриен со вулкански карпи.

Тоа сугерира дека во оваа област литосферата е толку истенчена да се наоѓа пред кршење. Кога тоа ќе се случи, ќе се формира нов океан во просторот помеѓу скршените плочи, а во период од неколку десетици милиони години неговата површина ќе се зголемува по должината на расцепот.

Како резултат на сето ова, африканскиот континент ќе станува се помалечок и ќе биде поделен на два дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...