Што поточно се случува во мозокот кога сонуваме?

Соништата некогаш се толку чудни и им придаваме толку многу значење што чувствуваме потреба да ги споделиме и со останатите. Меѓутоа, доколку разбереме што всушност се случува во мозокот кога сонуваме, тие почнуваат да имаат многу повеќе смисла.

1) Зошто соништата знаат да се премногу чудни

Мемориите од животните случувања („епизодните мемории“) се складирани во делот од мозокот наречен хипокампус, а во REM фазата од спиењето сигналите кои доаѓаат од таму се исклучуваат.

Тоа значи дека додека сонуваме, немаме пристап до одредени мемории за работи кои ни се случиле во минатото, но имаме пристап до генералните мемории поврзани за луѓето и локациите, кои ја формираат основата на нашите соништа.

Истовремено, активноста во регионите на мозокот вклучени во емоционалните процеси е засилена, формирајќи премногу емотивен наратив кој ги поврзува заедно сите овие мемории.

Уште еден дел од мозокот, дорсолатералниот предфронтален кортекст кој го контролира логичкото размислување и носењето на одлуки, исто така е исклучен кога сонуваме.

2) Дали сонуваме само во REM фазата?

Студирањето на соништата се случува со векови наназад, но започнало како што треба во 1953-та кога Јуџин Асерински и Натаниел Клејтман од универзитетот во Чикаго закачиле доброволци на EEG машини кои ја детектираат електричната активност во мозокот и ги буделе за време на разните фази од спиењето. Притоа била откриена REM фазата и нејзината поврзаност со сонувањето.

Скорешни експерименти покажале дека сонуваме не само во таа фаза туку скоро цело време додека спиеме, но поголем дел од соништата ги забораваме. За време на длабокиот сон соништата се, благо кажано, досадни и „обични“ (што е причината што не ги помниме), додека во REM фазата тие се бизарни, проследени со физички невозможни ситуации, како и емоционални и чудни искуства.

3) Зошто соништата тешко се помнат?

Помнењето на соништата зависи од мозочната активност – оние кои ги помнат имаат поголема активност на мозокот кога спијат и кога се будни во делови од мозокот вклучени во складирање на мемории и визуелни информации, а истото е зависно и од начинот на кој што спиеме.

За време на REM сонот многу тешко се формираат нови мемории, но ако се разбудиме веднаш по сонот можеме да го енкодираме во долгорочната меморија.

Така, ако се разбудиме некаде во ноќта, најверојатно ќе помниме сегменти од сонот кој што сме го имале. Но доколку не разбуди аларм и ни го скрати REM сонот, најверојатно нема да го помниме воопшто.

4) За што служат соништата?

Постојат многу теории зошто сонуваме, а една од нив е дека соништата имаат еволутивна функција за да не тестираат во сценарија кои се важни за нашиот опстанок – што го објаснува фактот што повеќето луѓе сонуваат како некој ги брка или напаѓа во сон.

Од друга страна,пак, многумина сметаат дека моќта на соништата ја зачнува креативната мисла – Пол Макартни вели дека мелодијата за песната „Yesterday” му дошла на сон, а хемичарот Дмитри Менделеев вели дека на сон му се појавила структурата на периодниот систем на елементи.

5) Дали соништата нешто значат?

Сигмунг Фројд велел дека интерпретацијата на соништата води до осознавање на несвесните активности на умот и дека тие примарно претставуваат еден начин за исполнување на желбите.

Иако научно овие идеи не се точни, некаква интерпретација на соништата е возможна.

Емоционалниот тон на соништата најверојатно го рефлектира она што мозокот го смета за важно. Истражувања покажале дека доколку, на пример, цел ден играте некоја видео игра, вашиот мозок ќе одлучи дека таа е нешто важно и дека треба да сонувате нешто во врска со неа. Доколку пак сте нервозни во врска со нешто, мозокот може да создаде сон каде анксиозноста е доминантна емоција.

Огромен број на истражувања во врска со соништата сугерираат дека искуствата во текот на денот може да бидат мапирани во содржината на сонот вечерта, а нивните толкувања во најчест случај се банални и не треба да се сметаат за валидни, бидејќи се на исто рамниште со хороскопските измислици и толкувања.

6) Дали мажите и жените различно сонуваат?

Некои анализи поврзани со содржината на соништата сугерираат дека жените сонуваат подеднакво и за мажи и за жени, додека мажите најчесто сонуваат за други мажи.

Други истражувања, пак, документираат дека мажите често сонуваат дека се борат против други мажи, додека жените во соништата имаат попријателски интеракции со другите луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...